| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.03.2017


Вардар се тресеше до крај, Шкендија убедлива


Блажевски и Петковски во самиот финиш му донесоа значајна победа на лидерот. Додека во Тетово домашната Шкендија со 4:0 ја совлада Победа.

Тешка но и тоа како знајачна победа на Вардар на мечот со Брегалница. Шампионот се тресеше се до 88. минута кога Блажевски ја начна а само две минути подоцна Петковски ја докрајчи Брегалница за 2:0. Големи три бода и задржување на шесте бодови разлика во однос на Шкендија која пак воопшто немаше проблеми со Победа. И без капитенот Хасани тетовци одиграа навистина добро и со убедливи 4:0 ги парчосаа гостите од Прилеп. Дожд од голови во Кратово, Силекс со 4:2 славеше над Македонија ЃП, додека Шкупи со 3:2 во меч со многу пресврти славеше над Ренова. Се истакна Јасир Асани со два гола за чарчани.


РЕЗУЛТАТИ - 22. КОЛО
ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ 0:1
ВАРДАР - БРЕГАЛНИЦА 2:0
ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА 4:0
СИЛЕКС - МАКЕДОНИЈА ЃП 4:2
ШКУПИ - РЕНОВА 3:2

ТАБЕЛА
1. Вардар 50 бодови, 2. Шкендија 44, 3. Работнички 36, 4. Пелистер 36, 5. Силекс 31, 6. Ренова 28, 7. Шкупи 21, 8. Победа 19, 9. Македонија ЃП 16, 10. Брегалница 12



Датум: 12.03.2017, 16:03
Статијата е прочитана 2102 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense