| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

Срамота: ФФМ го исфрли Хоризонт Турново

*Проблемот во нашиот фудбал се викал Хоризонт Турново и сумата од 240.000 денари кои овој клуб не ги платил за котизација. Екипата која две години не претставуваше на евро-сцената од денеска е избришана од Втората лига - исток


Бришење на Хорозонт Турново. Тоа е наредбата од лиценцната комисија при ФФМ и истата прифатена од надлежните органи и тела. Во овие моменти во канцелариите од „куќата на фудбалот“ се случува исфрлањето на клубот од Втората лига - исток. Причината е едноставна. Хоризонт Турново бил единствениот тим од двете лиги кој нема платено котизација. Турновци пред стартот на сезоната платиле половина од сумата која е доволна за одигрување на полусезоната. Но и тоа не е доволно. Орце Тодоров и неговиот клуб кој беа успешна фудбалска приказна во изминатите неколку години сега ги нема на фудбалската мапа. Зарем тие 4.000 евра кои побарале да ги платат во јануари се проблем за некого и мак-фудбалот!? Освен срамота нема што друго да се каже. Зарем се беше регуларно и зарем сите платија во годините наназад!?
Лиценцната комисија при ФФМ најде да покажува сила врз мал клуб од село а заборавија што се „мина“ низ нивните ракави во годините наназад. Не чини Хоризонт Турново но чини да се „замижува“ врз многу неправилности со кои е „преплавен“ фудбалот во Македонија.
Вака сега е јасно.  Хоризонт Турново по шест кола се брише од Втората лига - исток која продолжува со девет екипи. Со ова и одлуката за две Втори лиги се покажува како неуспешен проект. Проект од кој ќе профитираат само судиите и службените лица но не и клубовите. Според правилата се бришат сите резултати на оваа екипа од досегашните кола а утрешниот дуел со Саса нема да се игра. Ова е крајот на екипата која пред само пет години ја претставуваше Македонија во Лигата на Европа и две сезони по ред до последното коло се бореше за шампионската титула. Вака завршуваат сите добри приказни. Вака во Македонија завршуваат сите што даваат сопствени пари. Добри се кога даваат а заборавени и без помош кога немаат. Срамота!



Датум: 06.10.2017, 13:43
Статијата е прочитана 7437 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense