| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Шкендија утре се сели во Анталија

На списокот патници за подготовките во Турција и овојпат ги нема Бесарт Абдурахими и Џелил Асани, нема да патува ниту повредениот Ербин Зејнулаи

Експедицијата на Шкендија утре рано наутро се сели во Анталија каде до 4 февруари ќе биде сместена во хотелот „Сусеси“. На списокот на патници ги нема и овојпат како претходно во Охрид, Бесарт Абдурахими и Џелил Асани, ќе го нема и повредениот Ербин Зејнулаи. Во Анталија покрај вообичаените тренинзи, играчите на тренерот Ќатип Османи ќе одиграат најмалку четири пријателски средби. Првата се игра со Цирих (22.01), потоа следува дуелот со Олимпик Доњецк (26.01.), па мечот со Динамо Загреб (30.01) и тестот со Габала (03.02).



Датум: 19.01.2018, 14:28
Статијата е прочитана 630 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense