| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.12.2017

Ристовски не игра вечерва со Белененсес

Тренерот на екипата се реши да не го земе десниот бек за мечот од Лига Купот на Португалија

Вечерва во Лига Купот на Португалија, Спортинг игра на гостински терен против Белененсес. Тоа ќе биде последен настап на „зелено-белите“ за оваа година, а во него ќе играат без нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Тренерот Жорге Жесус се реши да не го уфрли Македонецот меѓу повиканите играчи за овој натпревар, што значи дека Ристовски заврши со настапите за оваа година. До сега главно Македонецот беше стандарден во тимот од Лисабон.



Датум: 29.12.2017, 10:07
Статијата е прочитана 495 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense