| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.05.2017

Томасе, Томасе... што направи од Шкендија?


GAME OVER. „Да, Томасе Брдариќ. Играта заврши.“ - Ова е пораката на фановите на Шкендија на социјалните мрежи по завчерашниот пораз на нивните миленици на средбата во Прилеп. Време е за нова смена на клупата на еден од двата наши најголеми клубови


Дојде да ја освои двојната круна. Дојде да го симне Вардар од тронот и на „Еколог“ да му ја донесе титулата. Дојде како голема фудбалска ѕвезда во Германија и Европа. Да, мислиме на Томас Брдариќ.
И не само што не го симна Вардар од тронот, туку разликата во негатива ја направи уште поголема. Срамотна е таа за Шкендија двоцифрена бодовна разлика во однос на Вардар. Потписникот на овие редови е еден од оние кои и натаму смета дека Шкендија има подобар играчки кадар од Вардар, но смета исто така дека Шкендија нема добар тренер, нема стратег како Гоце Седлоски и затоа Вардар ќе биде шампион.
По се она што го гледаме во пролетниот дел тогаш повеќе од јасно е дека кога ќе заврши првенството ќе дојде до нова смена на тренерска клупа на тетовските „црвено - црни“. Веројатно е дека тоа ќе се случи на 31 мај по одигрувањето на последното коло иако дел од фановите бараат тоа да се случи веднаш.


Оваа Шкендија не е вистинската Шкендија
Томасе - што ли направи од Шкендија? Токму така. Од екипа која си играше мајтап со Краковија, Нефчи, Млада Болеслав во летните квалификации во Лигата на Европа, дојде време на Могила со една слаба, слаба Победа да се губат бодови. Дојде време битката за титулата со Вардар да биде загубена уште во април. Јасно е дека оваа Шкендија не е онаа вистинската Шкендија, која и треба на мак - фудбалот, која е по вкусот на армијата фанови на „црвено - црните“.


Дронови, долги состаноци, германски шмек
Томас посака малку да удри четки што се вели, да покаже малку германски шмек. Па затоа со својот соработник Фридрих тренинзите ги снимаа со дрон, на табла пред тренингот им црташе на играчите по половина час и повеќе, нешто што искрено тие не ни знаеја што е тоа. Тактика, ма каква тактика.
Томас го испомеша и стартниот состав. Според него, замислете, главен напаѓач требаше да му биде Демир Имери. И го форсираше и тоа на штета на еден Марјан Радески. Кога виде дека не оди се врати на Радески. Така беше и со Баже Тодоровски и Стенио Жуниор, па со еден Арменд Алими, Нилдо Виктор Јуфо го заборави на клупата.

Јетон или Ќато и ајде по титула!
Време е за домашен производ, за проверен производ. Време е за адекватна шанса за Јетон Беќири или пак Ќатип Османи и ајде трк по таа титула. Да му се даде одврзани раце на тој тренер, Јетон или Ќато и договор од најмалку две години.


*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 05.05.2017, 11:28
Статијата е прочитана 3472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense