| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.08.2017

Вардар го засилува нападот со Ѓорѓе Ивановиќ!?

Моменталниот член на Спартак Суботица оваа сезона има постигнато четири гола од седум натпревари во српското првенство

Вардар веројатно нема да прекине со ангажман на нови засилувања. Нова опција за „црвено-црните“ е напаѓачот Ѓорѓе Ивановиќ. Моментално настапува во тимот на Спартак Суботица и на почетокот на српскипт шампионат има постигнато четири гола.

Иако Дарко Панчев најави дека ќе нема повеќе странски засилувања поради исполнување на котата на странци, сепак, според српските медиуми понудата е веќе добиена и во наредните часови ќе се одлучува за негов трансфер.

Освен напаѓач, 22-годишниот  Ивановиќ може да игра и како крилен фудбалер. Претходно Вардар се засили со Марковиќ, Итало, Куајнор, а од претходно пристигнаа Муслиу и Исени.



Датум: 29.08.2017, 11:07
Статијата е прочитана 2687 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense