| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.05.2017

(ЖИВО) Вардар дефинитивно пред славје, води со 3-0

Попладнево се играат сите пет средби од 32. коло во Првата лига на Македонија

ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП 6:0 (3:0)

71’ - ГООЛ! Демири испрати прецизна долга топка до Боарето кој што убаво ја смири и шутираше прецизно во голот на Македонија за водство од неверојатни 6:0.

64’ - ГОООЛ!  Николов ја упати топката кон Блажевски кој што после лошата реакција на одбраната на Македонија ЃП изби сам пред голот, несебично додаде до Барсегјан кому не му беше тешко да погоди во празната мрежа.

52’ - ГООЛ!  По одличниот центаршут на Барсегјан од десната страна, Блажевски со волеј удар ја смести топката во горниот десен агол од голот за „покер“ за Македонија ЃП.

32’ - ГОООЛ- Акција на десната страна помеѓу Барсегјан и Брдаровски. Вториот асистира одлично до Којашевиќ кој што од десетина метри погоди во мрежата на Македонија

16’ - ГОООЛ  - Изведен корнер од десната страна, топката беше избиена од одбраната на Македонија до Глигоров кој што несебично го проигра Николов, а овој од прва одкосо од лево шутира во горниот лев агол од голот на противникот за водство на Вардар од 2:0

5’ - ГОООЛ - Блажевски погоди од пенал силно во мрежата на Македонија Ѓорче Петров. Пеналот го изнуди Којашевиќ кој што беше срушен од страна на  Чешмеџиев после продорот по десната страна

 

ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 3:0 (2:0)

80’ ГОООЛ - Баже Илијоски во контра-напад излегува сам пред Хаџо, го поминува и пласира во празна мрежа за 3:0 за Пелистер.

72’ - Гафури шутира со глава, но Петровски брани. Во следниот напад, Усеини со топовски удар, но Петровски одбранува со помош на дирекот.

53' - Шанса за Боби Божиновски, Хаџо со крајни сили го брани ударот.

48’ - Слободен удар на Пелистер од 20 метри, Фернандо Силва неколку милиметри непрезицен над голот.

44’ ГОООЛ - Илијоски со глава од пет метри ја тресе мрежата на Ренова, по нафрлувањето на Петров од десната страна.

43’ ГОООЛ - Фернандо со глава го матира Хаџо, по одличниот центар шут на Миленковски од левата страна.

39’ - Петров е во налет, но неговиот удар завршува покрај левиот долен дирек на Хаџо.

36’ - Обид на Божиновски од 12 метри, но само над голот на Ренова.

34’ - Нафиу е во голема шанса за Ренова, од 15 метри упати удар, но млако и во голманот Петровски.

 

СИЛЕКС - РАБОТНИЧКИ 0:2 (0:1)

90+4’ ГОООЛ Иван Вуковиќ го постигнува својот деби гол за Работнички за обезбедување на победата во Кратово.

45’ ГОООЛ - Контра на „романтичарите“, Филип Петровски ја претвара во гол за водство на гостите.

 

ШКЕНДИЈА - БРЕГАЛНИЦА 3:0 (1:0)

72’ ГОООЛ - Акција на Зејнулаи и Абдурахими, која со гол ја завршува Марјан Радески за убедливо водство.

57’ ГОООЛ - Ибраими го проигрува Абдурахими, кој излегува сам пред Кобетиќ и топката му ја протнува низ нозе за удвојување на водството.

19’ ГОООЛ -  Хасани од десно центрира, Ибраими со глава од 5-6 метри ја сместува топката во мрежата на Шкендија.

 

ШКУПИ - ПОБЕДА 1:2 (1:1)

57’ ГОООЛ - Победа поведува со 2:1 во 57 минута. По изведен корнер од десно топката се префрли на левата страна, од каде беше нафрлена кон петерецот до Дејан Цветаноски, кој на прва ја затресе мрежата на Шкупи.

42’ ГОООЛ -  Победа израмнува на 1:1. Пробив на Милан Војводиќ по десната страна, нафрли речиси од корнер линијата на втора до Благоја Гешовски, кој од само неколку метри, небранет од никого, со глава го израмни резултатот

5’ ГОООЛ - Шкупи поведува со 1:0. Левиот бек Фисник Зука испрати прецизна долга топка кон Французинот Емануел Мбела, кој беше побрз од својот чувар, излезе сам пред голот на Победа и мирно и прецизно пласираше во мрежата

Вардар е пред шампионска промоција, треба само да ја победи Македонија ЃП и да ја прослави својата 11 ѕвездичка. Тоа може да го стори со реми па дури и со пораз но тогаш се зависи од дуелот Шкендија - Брегалница кој се игра во Тетово. Во Битола каде играат Пелистер и Ренова но и во Кратово, каде се среќаваат Силекс и Работнички, ќе се бијат битки за излез во Европа. Додека на Чаир, домашниот Шкупи ја дочекува Победа.

„Македонски спорт“ и попладневно ќе врши во живо текстуален пренос во живо.

 


 



Датум: 07.05.2017, 16:11
Статијата е прочитана 1013 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense