| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

Милан без тренинг во Скопје!



„Росонерите“ утре попладне доаѓаат во Скопје, нема да одржат ниту еден тренинг, задутре го играат мечот со Шкендија и веднаш си одат за Милано

Иако по првиот меч имаат 6:0, иако нивниот пласман во Групната фаза во Лигата на Европа е осигуран, сепак малку чуден потег на тренерот на „росонерите“ Винченцо Монтела. Имено Милан во Скопје во пресрет на реваншот со Шкендија нема да одржи ниту еден тренинг. Откажан е и оној во четврток наутро кога требаше момците на Монтела да тренираат во Градски парк во комплексот на Работнички.

Пресот во „Мериот“ во 19:15 часот
Гигантот од Милано утре рано наутро ќе тренира дома, во својот спортски комплекс и потоа патува за Скопје. Експедицијата на Милан ќе биде сместена во хотелот „Мериот“ во центарот на градот, а пресот на кој ќе присуствуваат тренерот Монтела и еден од играчите, ќе се одржи во самиот хотел и тоа со почеток во 19:15 часот. И тоа ќе биде тоа од големиот Милан, што се однесува до фановите кои со нетрпение го чекаат доаѓањето на „росонерите“ во Скопје.

Шкендија со тренинг од 20:45 часот
За разлика од Милан, Шкендија утре вечер во 20:45 часот ќе го одрабори својот тренинг во пресрет на дуелот во четврток. Половина час пред тренингот, или поточно во 20:15 часот, тетовци ќе одржат и прес конференција


 



Датум: 22.08.2017, 19:46
Статијата е прочитана 1720 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense