| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.07.2017

Вардар без Вeлковски за Малме

Играчот на Вардар има повредена ложа и воопшто не мина од подготовките на екипата во Австрија

Дарко Велковски нема да биде во комбинација за првиот квалификациски натпревар помеѓу Малме и Вардар. Фудбалерот на македонскиот шампион, поради повредата на ложата, нема да стигне да биде „фит“ за првиот од двата натпревара во Лигата на шампионите. Тој ги пропушти подготовките на Вардар, тренираше само во вежбалница, недоволно за да биде во комбинација за настап на дуелот во Шведска.
Исто така, Вардар нема да смета ниту на услугите на Петар Петковски, кој е повреден. Тој не тренира со екипата и со тоа пропаѓа можноста да биде во комбинација. Останатите играчи почнаа со тренинзите, меѓу кои и Хофханес Хамбарѕумјан и Евгениј Новак, кои добија повреди на подготовките. Тренира и Тигран Барсегјан, и тој ќе биде во комбинација, како и Џамбул Џигаури. Тие двајца, исто така, добија повреди на подготовките.


„ВИСИ“ КОЈАШЕВИЌ
За разлика од Велковски и од Петковски кои отпаѓаат, неизвесен за настап е Дамир Којашевиќ. Црногорецот се жали на ситна повреда и натаму е непознато дали ќе може да настапи. Многу веројатно е дека ќе биде „фит“, но останува уште малку време и дефинитивно да се знае дали ќе може да настапи на мечот против Малме во Шведска.



Датум: 08.07.2017, 10:22
Статијата е прочитана 2601 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense