| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.18.2017

Дуел Вардар-Шкендија во најава

Доколку Вардар го мине Шкупи во рамките од осминафиналето, тогаш во следната фаза ќе се сретне со Шкендија

Македонскиот национален куп ги доби двојките од четвртфиналната фаза. Секако најинтересен дуел би требало да биде оној помеѓу Вардар и Шкендија доколку актуелниот шампион го совлада Шкупи во се уште неодиграниот нивен дуел во осминафиналето. Доколку тоа се случи ќе има ново вечно дерби пред финалето како и секоја година.
Пелистер ќе се сретне со Победа, додека пак Тетекс ќе се обиде преку Академија Пандев и како второлигаш да се пласира во полуфиналето. Последната двојка е Ренова – Скопје.
За информација, дуелите помеѓу Вардар и Шкупи ќе се одиграат на 8. односно 29. ноември со почеток во 13:00 часот.

1/4 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА:

ТЕТЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА
ШКУПИ/ВАРДАР – ШКЕНДИЈА



Датум: 27.10.2017, 12:31
Статијата е прочитана 751 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense