| контакт | маркетинг

25.01.2018

Чилиќ во финалето на Австралија опен

Најдобриот хрватски тенисер го елиминира Британецот Кајл Едмунд и третпат во кариерата ќе игра финале на грен слем

Марин Чилиќ во полуфиналето го победи Британецот Кајл Едмунд со 6-2, 7-6(7-4) и 6-2 и стана првиот Хрват кој ќе игра во финалето на Австралија опен. Чилиќ ја оправда улогата на фаворит против Британецот и во борба од два часа и 20 минути славеше со 3-0 во сетови. Противник на хрватскиот тенисер во финалето, кое е на програмата во недела, ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Кореецот Хјон Чунг и Швајцарецот Роџер Федерер кој се игра утре.
Со овој триумф Чилиќ го избори и најдобриот пласман во кариерата. Од понеделник, ќе биде трет тенисер на светот и така ќе го израмни успехот на Иван Љубичиќ  од 2006 година. Позиција подобар беше Горан Иванишевиќ во 1994 година.
Ова е трето грен слем финале за Чилиќ. Играше во финалето на Вимблдон минатата година, а го освои УС Опен во 2014 година.



Датум: 25.01.2018, 12:33
Статијата е прочитана 318 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense