| контакт | маркетинг

28.01.2018

Федерер ја одбрани титулата на Австралија опен

Швајцарецот во финалето денеска го совлада Марин Чилиќ со 3:2 во сетови

Роџер Федерер (36) ја одбрани титулата на првиот грен-слем во годината Австралија опен, откако во финалето го победи Марин Чилиќ со 6:2,6:7(5),6:3,3:6,6:1. Ова е вкупно 20 грен слем титула за Швајцарецот, кој е рекордер по освоени грен-слем титули во кариерата. Федерер ја освои својата шеста титула на Австралија опен во своето седмо финале. Двата сета што Швајцарецот ги изгуби во финалето со Хрватот му беа првите два сета што ги изгуби во целиот турнир во Мелбурн. Ова беше 30. финале на грен-слем турнир во кариерата на Швајцарецот. Сега тој се доближи  до првопласираниот на АТП листата Рафаел Надал на само 155 поени негатива.
За Хрватот ова беше обид да освои уште една грен слем титула по онаа на САД опен во 2014 година. Тој има уште еднаш играно во финале на грен-слем, на Вимблдон 2017 година кога изгуби токму од Федерер.




Датум: 28.01.2018, 13:19
Статијата е прочитана 399 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense