| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.10.2017

Лукас ја „обои“ Пелагонија во зелено


*Пелистер со 2:1 ја совлада Победа. Стрелец на двата гола беше „кариоката“ Лукас Гоијано. Ренова го победи Работнички кој продолжи да тоне а А. Пандев со двата гола Балдовалиев успеа со 2:0 да слави над Шкупи

Пелистер се врати на победничките патеки. Во дербито на Пелагонија „зелените“ со 2:1 славеа над Победа. Херој на битолчани беше Лукас Гоијано кој во два наврати ја затресе мрежата на прилепчани.
Ренова со 3:1 славеше над Работнички на кого никако да му тргне, интересно е што Погосјан во 89. Минута утна зицер за 2:2. Тоа го казни Нафиу во судискотото продолжение и ги постави конечните 3:1. Силекс се извади во последен момент и со голот на Бујчевски дојде до 1:1 на Автокоманда. Додека во Струмица „Пандев“ со головите на Балдовалиев успеа да го победи Шкупи со 2:0.


РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА        4:2
РЕНОВА – РАБИТНИЧКИ     3:1
СКОПЈЕ – СИЛЕКС                 1:1
А. ПАНДЕВ – ШКУПИ          2:0
ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА          2:1
ТАБЕЛА
1.Шкендија 25 бодови, 2.Вардар(-2) 19, 3.А.Пандев (-1) 17, 4.Силекс 14, 5. Пелистер 12, 6. Шкупи 12, 7.Ренова 10, 8.Победа 9, 9.Работнички (-1) 7, 10. Скопје 5 бодови



Датум: 14.10.2017, 16:54
Статијата е прочитана 943 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense