| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Елмас и Чешмеџиев „стрелаа“ за победа на Македонија

Играчот на Работнички постигна ремек дело, додека дефанзивецот ја потврди победата на нашата репрезентација од 2:0 на контролата против Црна Гора

Одличен почеток имаа новајлиите во репрезентацијата на Македонија до 21 година. На контролниот натпревар кој се одигра на терените на ФФМ, против Црна Гора, нашата селекција победи со 2:0.

По една мајсторска акција која ја започна Доријан Бабунски, Елиф Елмас со уште подобар потег го исфрли од игра дефанзивецот на Црногорците и погоди за водство од 1:0 во 31. минута.

Конечниот резултат го постави Константин Чешмеџиев кој беше сигурен реализатор на пеналот во 73. минута.
Очекувано, овој натпревар, по успехот на претходната генерација која се пласираше на ЕП во Полска, предизвика голем интерес, па така трибините на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа одлично исполнети.

Ова е одличен почеток на новата генерација која треба да продолжи по патот кој го поставија нивните претходници, а да се надеваме дека ќе продолжат во ист стил.



Датум: 24.03.2017, 15:50
Статијата е прочитана 1745 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense