| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

Беверен подготвува нов договор за Јаневски

„Пред завршувањето на сезоната сакаме да седнеме со Јаневски на маса и да се договориме за нова соработка. Играме добар фудбал со него“, вели првиот човек на белгискиот прволигаш Дирк Хијк


Чедомир Јаневски би можел да остане на клупата на Беверен и во следната сезона по изјавите на претседателот на клубот, Дирк Хијк, дека е задоволен од работата на шефот на стручниот штаб. Некогашниот македонски селектор врза неколку добри резултати со кои е блиску да избори опстанок во првата Белгиска лига. Она што е најважно е тоа што Хијк е задоволен од тоа како екипата игра под водство на Јаневски.
„Нашата намера е пред завршувањето на сезоната да седнеме на маса со Чедомир. Тој придонесува екипата да игра добар фудбал и јас сум многу задоволен од него. Затоа и сакаме да го задржиме на клупата“, рече Хијк.
Сепак, за македонскиот тренер има интерес и од други клубови коишто уште од сега сакаат да го видат на клупата.


Чеде: Би останал...

Чедомир Јаневски во разговор со „Македонски спорт“ потврди дека очекува разговор со раководството, и дека би сакал да остане во Беверен.
„Оваа изјава од клубот и јас ја прочитав низ медиумите. До сега не сме разговарале, но мислам дека по натпреварите против Андерлехт и Бриж ќе седнеме да преговараме. Јас би сакал да останам и натаму да го водам Беверен“, ни изјави Јаневски.
Јаневски во ноември 2016 година дојде во тимот на Беверен. Претходно беше на клупата на Мускрон, Монс, Етникос Ахна, Енозис, Црвена Звезда, Бриж, Гент, Олимпијакос а беше и селектор во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014 година во Бразил.



Датум: 28.02.2017, 11:52
Статијата е прочитана 236 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense