| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.04.2017

Официјално ФИФА го потврди најголемиот скок на Македонија

Најавите на „Македонски спорт“ се остварија, нашата селекција го има најголемиот скок во април, и најголемиот напредок на листата за еден месец од 33 позиции

И официјално Македонија е на 133 позиција на ФИФА рејтингот, она што „Македонски спорт“ го пишуваше веднаш после натпреварот со Белорусија кога најави дека селекцијата ќе скокне од 31 до 33 места.

Македонскиот национален тим со тоа го потврди својот најголем скок во историјата. Претходниот беше во 1994 година 29 позиции, а сега ова со 33 е новиот рекорд. Воедно Македонија во април е селекција која што најмногу напредуваше на ФИФА листата.

Има промена на првото место на ФИФА листата. Сега првопласирана е селекцијата на Бразил која му го одзеде приматот на Аргентина.



Датум: 06.04.2017, 10:45
Статијата е прочитана 5880 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense