| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

ШКЕНДИЈА ЌЕ СЕ ТЕСТИРА СО ДИНАМО ЗАГРЕБ!


Начелно е договорено тетовските „црвено-црни“, на подготовките во Aнталија, да ги одмерат силите со „модрите“ од Загреб


Шкендија ќе одигра пријателска средба со Динамо Загреб. Начелно е договорено од раководствата на двата клуба, во јануари, на подготовките во Анталија, есенските прваци на Македонија и на Хрватска да ги одмерат силите. Ова е прв пат Шкендија да се сретне, па макар и на пријателски меч, со хрватскиот гигант. Кога сме кај „модрите“, да кажеме дека досега Вардар беше задолжен да игра натпревари со нив. Во последните две-три години, вардарци одиграа два пријателски меча и имаше двомеч во ланските квалификации во Лигата на шампионите. Исто така, интересно е тоа што кој и да игра против Динамо, тој во таа сезона е шампион на Македонија. Покрај Динамо Загреб, менаџерите на Шкендија кои се одговорни за договарање пријателски средби, имаат контакти и со Цирих, еден од најголемите швајцарски клубови, кој во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата во тамошниот шампионат.

АДЕМИ ПРОТИВ БУБА, ИБРАИМИ...

Инаку, тоа ќе биде дуел на репрезентативецот на Македонија Аријан Адеми против Ферхан Хасани, Бесарт Ибраими и другите. Познато е дека Адеми е капитен на „модрите“, а Хасани, пак, е капитен на Шкендија. Во секој случај, тоа ќе биде и еден вид балканско дерби на подготовките во Анталија. Инаку, Шкендија ќе биде на одмор до 3 јануари, кога стартуваат подготовките. Потоа се оди во Охрид за да следуваат двонеделни подготовки во Турција, во Анталија.



Датум: 08.12.2017, 10:27
Статијата е прочитана 1798 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense