| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.05.2017

НАВИВАЧИТЕ НА ИНТЕР УШТЕ ГО САКААТ: Пандев на големата тетоважа на Икарди (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец со прекрасниот гест по неделниот погодок дополнително ги освои срцата на навивачите на Интер кои и онака имаат високо мислење за него

По Лацио, Горан Пандев ја затресе и мрежата на својот поранешен клуб Интер. Македонецот игра во одлична форма во завршницата од оваа сезона во Серија а, а како круна на сето тоа дојде и погодокот против тимот со кој ги оствари најголемите успеси на клупски план. очекувано, Пандев не го прослави погодокот оддавајќи почит на навивачите на Интер, како и кон самиот клуб, кој многу му даде.
Дека тој е еден од милениците на „нероаѕурите“ говори и фотката која што се појави на социјалната мрежа Твитер, каде што новиот капитен на Интер, Мауро Икарди кој неодамна го истетовира горниот дел од телото, секако со фотошоп, доминира ликот на Пандев напишан со неговото презиме. Нема што, ова е навистина оригинално!



Датум: 09.05.2017, 12:27
Статијата е прочитана 5556 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense