| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2017

Косово ни закажа битка во Казахстан

Репрезентацијата на Косово во футсал ќе биде противникот на Македонија во елитната квалификациска група за пласман на ЕП

Нашиот сосед деновиве има одличен настап во првиот квалификациски филтер каде по две кола го обезбеди првото место со победите над Кипар (3:1) и Норвешка (5:1). Останува да играат уште со Данска, но тој меч не одлучува ништо.
Според ова, Македонија на турнирот, кој се игра во периодот од 3 до 12 април, ќе ги одмери силите со Косово, Чешка и домашната селекција на Казахстан. Ова е нов обид на нашата футсал репрезентација да избори место на ЕП. Во минатиот циклус бевме многу блиску, но чуден резултат на Италија во небитен меч за нив ни го одзема учеството во баражот.
Македонија со Косово минатата година ги одигра првите два тест меча во Скопје каде ги победивме со 5:2 и 6:2 на нивни терен.



Датум: 01.02.2017, 10:54
Статијата е прочитана 1379 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense