| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.06.2017

Шкупи го одржа првиот летен тренинг

Екипата на Шклупи ги почна подготовките за новата сезона со четири отсуства во екипата

Како што информираат од клубот, на прозивката и на првиот тренинг поради оправдани причини ги немаше Седат Бериша, Буњамин Шабани и Ермедин Адем, како и францускиот интернационалец Емануел Мбела. Првите тројца ќе се приклучат на соиграчите веќе на денешниот тренинг, додека Французинот се очекува в понеделник, кога им лет од Париз до Скопје.
Освен овие четворица, на тренинг ги немаѓше ниту тројцата играчи што летово го напуштија клубот, Флоријан Кадриу, кој потпиша за Работнички, Бесар Исени, кој премина во Вардар и Фатмир Ариф, кој замина во Германија. На нивно место, ново име во тимот засега е само Кристијан Стојкоски, напаѓачот што дојде на Чаир од редовите на Македонија Ѓорче Петров.

 

 



Датум: 29.06.2017, 19:21
Статијата е прочитана 1259 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense