| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

Шкупи добива богат спонзор

Се е подготвено зимава, Шкупи да го добие толку посакуваниот спонзор кој клубот ќе го врати на шампионските патеки

Долго време тимот на Шкупи, ја чека финансиската инјкеција која ќе го врати клубот на старите шампионски патеки, и тоа конечно ќе се случи. Од Чаир велат дека по неколку месечни преговори, договори и планирање можат конечно да потврдат дека домашна компанија, која има силни конекции со Турција ќе биде главниот финансиер на клубот и која веќе зимава ќе го преземе клубот. Нашите извори велат дека преговорите на релација спонзор клуб траеле извесно време и дека конечно е постигнат договор. Многу веројатно оваа информација ќе биде потврдена веќе на утрешниот меч кој Шкупи го игра против Вардар и на кој ќе биде претставен новиот финансиер на клубот.

Подготовки во Анталија
Како ќе стартува финансирањето на клубот, така Шкупи ќе почне далеку подобро да функционира. Ќе се ангажираат сериозни засилувања, а на подготовки ќе се замине во Анталија.

 



Датум: 16.12.2017, 20:29
Статијата е прочитана 9829 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense