| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.03.2017

Победнички кон Полска

Македонија е дел од елитата во младинскиот фудбал само и единствено затоа што е во серија од две години без пораз. Да се надеваме дека истата ќе продолжи и на европското првенство

„Душманите“ и редовните „критичари“ кои се стален декор на македонските фудбалски терени секогаш и во секоја пригода наоѓаат за сходно да пронајдат лошо и во она што навистина е добро. Како на пример македонската репрезентација до 21 година. Ете тие „душегрижници“ веќе две години како чекаат кикс, пораз на нашите млади репрезентативци, а овие, пак, како за инает победуваат каде ќе стигнат и кого ќе стигнат. И на пријателски, и на квалификациски мечеви, и на гости, и на домашен терен. И така не само што дотераа до историски пласман на европско првенство туку и рушат статистички рекорди. Македонија е во самиот врв на европскиот младински фудбал, затоа што единствено репрезентацијата на Португалија, инаку наш директен ривал во групата на еврото, има во моментов подолга позитивна резултатска серија. Податок за респект, сакале тоа некој да го признае или не, но бројките не лажат. Оној историски за нас сега веќе пораз од Исланд на стартот на квалификации кои ветуваме ќе го споменуваме само како податок во овој сегмент е последниот меч од кој сме си заминале со наведнати глави. Оттогаш наваму или сме победиле или сме одиграле реми на дванаесет мечеви. Што е уште поважно, сме примиле само пет гола, па не треба да чуди што сме онаму каде што сме. На европско првенство.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 30.03.2017, 13:31
Статијата е прочитана 925 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
11.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense