| контакт | маркетинг

13.03.2017

Јончевски и Малинков помошници на Давитков

Александар Јончевски и Љупчо Малинков ќе бидат дел од стручниот штаб на репрезентацијата.

Александар Јончевски и Љупчо Малинков ќе бидат дел од стручниот штаб на репрезентацијата. Јончевски беше дел од стручниот штаб на Марјан Лазовски во 2012 година, потоа остана и покрај селекторот Алеш Пипан (2013 година), а последен пат како дел од сениорската репрезентација беше во 2015 година покрај селекторот Марјан Србиновски.
„Очекувам одлично да соработуваме како тренерско трио и се надевам дека ќе имаме успешни претквалификации за Светското првенство, па здравје да размислуваме и за уште еден пласман на Европското првенство односно повторно да се вратиме на големите натпреварување, но за тоа има време. Со моето досегашно искуство како член во стручниот штаб на „А“ репрезентацијата ќе дадам максимум од себе и се надевам дека ќе придонесам доволно за успех на претстојните претквалификации“, истакна Јончевски.
За Малинков ова ќе биде прво искуство како дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација. Минатите два циклуси Малинков ги мина на чело на националната селекција до 20 години.
„Огромно задоволство ми е што конечно добив шанса за да бидам дел од стручниот штаб на најдобрата селекција особено како дел од ова тренерско трио. Давитков е еден од подобрите тренери во Македонија и ќе ми биде чест да работам покрај него.  Мислам дека сите имаме исти очекувања и ’желби’, а тоа се успешни претквалификации, па понатаму да мислиме и на повисоките квалификациски скалила“, изјави Малинков.



Датум: 13.03.2017, 14:53
Статијата е прочитана 577 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense