| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.05.2017

Скопје со триумф ја отвара прволигашката порта

На три кола до крајот на сезоната во Втората лига, екипата на Скопје има сосема јасна пресметка, со победа против Новаци на домашен терен си го обезбедува местото во Првата лига за наредната сезона.

Во моментов „пиратите“ имаат пет бода предност и доколку ја зголемат таа предност на осум на две кола до крајот, јасно е дека новачани испаѓаат од игра.
За тимот од Автокоманда ниту реми нема да биде лош резултат, но во таков случај ќе им бидат потребни уште најмалку два бода за промоција, затоа што ќе имаат ист меѓусебен скор и полоша гол-разлика.
„Цела недела се подготвуваме со само една цел во мислите. Против Новаци одиме на три бода и уште утре да ги решиме сите дилеми, да не одолговлекуваме и на тој начин да ризикуваме. Сите сме здрави, немаме казнети, и тоа најдобро покажува дека сме подготвени за триумф и да го прославиме враќањето во Првата лига“, вели фудбалерот од средината на теренот на Скопје, Ѓоко Алексовски.


ДВОЈКИ  25.КОЛО - 16:30 Ч
МЕТАЛУРГ - ТИКВЕШ
ВАРДАР (Н) - ТЕТЕКС
ВЛАЗЕРИМИ - ХОРИЗОНТ Т
А. ПАНДЕВ - ЕУРОМИЛК
СКОПЈЕ - НОВАЦИ



Датум: 13.05.2017, 13:32
Статијата е прочитана 1834 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense