| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.02.2017

Од „ГУДИСОН“ со 17 милиони по Илија


Македонецот најавуван како замена за Ромело Лукаку на позицијата „шпиц“ во „сините“ од Ливерпул.

Синиот дел од Ливерпул размислува за замена за својот прв голгетер Ромело Лукаку. Евертон има многу понуди за белгискиот напаѓач и, веројатно, ќе прифати некоја од нив во текот на летниот преоден рок. А, замената за Лукаку би можел да биде и Илија Несторовски, Македонецот којшто е на „таргет“ од неколку клубови во Европа. Од „Гудисон“ планираат со 17 милиони евра да го убедат тимот на Палермо да го пушти да замине во Англија и да настапува во Премиер-лигата.
Евертон веќе имал скаути на средбата со Јувентус каде што ја следеле играта на Македонецот, кој иако не се запиша меѓу стрелците, сепак, имаше солидна партија.
До сега Несторовски запиша девет голови во Серија „А“, и два во квалификациите, и тоа едниот против големиот Буфон. Во италијанскиот шампионат успеа да му даде гол и на Милан.

ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА
Сепак, не е само Евертон во редот заинтересирани за услугите на Несторовски. Тука се уште и Наполи, Аталанта, Сасуоло, Севиља, а имаше шпекулации и за Атлетико Мадрид и неколку други клубови. Во секој случај тој го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во дресот на Палермо оваа сезона. До сега ги има девет, а до крајот на сезоната има уште мечеви, па може да постигне уште некој погодок и дополнително да ја зголеми својата цена.
Палермо е многу блиску од испаѓање од првенството во Серија „А“ со оглед дека заостанува многу од конкурентите.

Шаќири, Христов, Седлоски...
Илија Несторовски може да ја продолжи традицијата на играчи од Македонија коишто настапувале во Англија. Така Несторовски да тргне по стапките на Гоце Седлоски кој играше во Шефилд Венездеј, потоа на Ѓорѓи Христов кој беше дел од Барнсли, на Артим Шаќири и Горан Попов кои беа членови на ВБА, а Величе Шумуликоски го носеше дресот на Престон. Во моментов член на Арсенал е голманот Дејан Илиев.



Датум: 21.02.2017, 14:11
Статијата е прочитана 5094 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense