| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2018

Вардар со прво „реми“, Харуна со деби

Шампионот имаше водство од 1:0, и 2:1, меѓутоа Словачко секогаш стигнуваше. Ова е прв нерешен исход на Вардарци во Анталија

Вардар два пати водеше, на крајот го одигра првиот нерешен натпревар на подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ и во првиот и во вториот дел имаа предност, меѓутоа Чесите стигнуваа и на крајот успеаја да останат непоразени. „Црвено-црните“ одиграа со многу младинци во своите редови, а кај гостите го немаше капитенот Величе Шумуликоски кој што остана на трибините.
Уште после првиот посериозен напад Вардар поведе со одличниот гол на Стојчевски. Но после невнимание во одбраната на „црвено-црните“, во 42. минута Словачко успеа да израмни.
Во вториот дел Максимов му донесе второ водство на Вардаровиот тим откако излезе сам и успеа да погоди. Сепак, во 83. минута со гол со глава Словачко дојде до израмнување на резултатот.
Утре Вардар ги завршува контролите со натпревар против Дукла Прага.



Датум: 03.02.2018, 16:57
Статијата е прочитана 1008 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense