| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.04.2017

Водечките без победа

Интересно 20. коло во Втората лига, ниту една екипа која е аспирант за елитата, не успеа да освои три бода.

Ниту една екипа од првите четири на табелата во денешното 20. Коло во Втората Лига не успеа да победи и сите гостуваа. Академија Пандев одигра 1:1 во Кичево кај Влазерими. Домашните поведоа со голот на Дани во 51.минута а Миловановиќ израмни на 1:1 во 63.минута. Во Неготино по многу борба и две исклучувања Вардар (Н) и Скопје ремизираа 1:1. Домашните поведоа во 77.минута преку Коцев а „пиратите“ израмнија во финишот на мечот преку Новески.
Новаци загуби со 1:2 во Кавадарци од Тиквеш кој пролетва игра во добра форма. Кавадарчани поведоа со 2:0 со головите на Бакрачески и Никовиќ, додека К. Степановски само го ублажи поразот. Најубедливата победа ја извојува Хоризонт Т и тоа против Металург со 3:1. Илиев, Јанев и Крстовски донесоа водство од 3:0 за да Јусуф ги постави конечните 3:1.

Лакрдија од судење на Величков во Тетово
Еуромилк и по трет пат оваа сезона не успеа да го победи Тетекс, но денеска само поради судијата Боби Величков. Малку е да се каже катастрофално делење на правдата на штета на Еуромилк. Тоа беше лакрдија, па и повеќе од тоа. Само поради Величков и неговото анти-фудбалско судење „млекарите“ загубија со 0:1. Велешанецот едноставно не им дозволи на гостите да дојдат до бод(ови).
Резултати – 20. Коло

ХОРИЗОНТ Т – МЕТАЛУРГ 3:1
ТЕТЕКС – ЕУРОМИЛК 1:0
ТИКВЕШ – НОВАЦИ 2:1
ВАРДАР (Н) – СКОПЈЕ 1:1 
ВЛАЗЕРИМИ – А. ПАНДЕВ 1:1

ТАБЕЛА
1.А.Пандев 47 бодови, 2.Скопје 35, 3. Еуромилк 33, 4. Новаци 32, 5. Хоризонт 29, 6.Влазерими 23, 7. Металург 23, 8.Вардар (Н) 19, 9.Тиквеш 19, 10. Тетекс 18 бодови

 



Датум: 08.04.2017, 18:21
Статијата е прочитана 4043 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense