| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.08.2017

Јаневски: Ова е успех на сите „вардарци“

Успехот не е само наш туку и на сите наивачи и симпатизери на Вардар. Гледам дека јавноста е презадоволна и ќе направиме се за да и во групната фаза одиграме на највисоко можно ниво.


Нашиот прв претставник во групна фаза на едно елитно европско клубско натпреварување, шампионот Вардар, предмалку ја одржа официјалната прес конференција по повод историскиот успех. Спортскиот директот Дарко Панчев, тренерот Чедомир Јаневски, како и играчот Никола Глигоров ги споделија импресиите од двомечот против Фенербахче, а и очекувањата од групата во која се наоѓааат екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Роземборг.
„Тешка е грушата како и сите останати. Ние на балканот повеќе би сакале екипи од Италија Франција, поатрактивни што се вели. Но мислам дека групата е таква каква што е и ние треба да се подготвитиме максимално. Имаме свои цели, да излеземе и да се бориме. Да ги анализираме, одиме меч по меч. За Зенит е сувишно да се зборува. Квалитетен тим со многу репрезентативци и тренер во името на Роберто Манчини. Веројатно ќе одиме да го гледаме Зенит и во живо. Сакаме да ги израдуваме навивачите. Вардар и против Копенхаген покажа дека со организирана игра, може да се стигне до добар резултат. Сакаме да собираме бодови, не можам да кажам колку. Знам дека ќе биде исцрпувачки, ќе немаме слободни термини, патувањата ќе бидат долги и на тоа треба да се размислува. Ќе се игра среда недела, но за мене како играч и како тренер секогаш било подобро да се игра мечеви отколку да се тренира. Спортски е да недавме и на втората фаза но нема да си создаваме непотребен притисок. На секој меч ќе одиме да освојуваме бодови. Кога дојдов во Вардар јасни беа амбициите. Свесен сум и дека овој тим со кој сум десетина дена не е спремен да каже дека ќе минува групна фаза, но е подготвен да си овозможи шанса и следната сезона да се бори за ова место во Европа. Најбитно е рејтингот да го дриме на ниво и да сме во оваа позиција и следната сезона„ – изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски. 

Глигоров: И ова е атрактивна група
Не се сложувам дека не е атрактивна групата. Зенит игра Европа нон стоп. Сосиедад е петта шеста екипа во Шпанија, а Роземборг го елиминираше Ајакс. Да не се Арсенал или МИлан но ние не гледаме на тоа така. Ќе дадеме максимум, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме во декември. Ова е сепак, за нас нешто ново, но е предизвик. Да се игра цела есен во Европа е сон на секој наш играч а ете сега и ни се оствари. Во домашниот шампионат, очекувам повторно да бидеме први, а што се однесува до Европа, не сакаме да си создаваме притиок, и да речеме дека ќе го победиме Зенит. Ние сме нови во ова натпреварување, немаме ниту право да му се закануваме што се вели на некого, а единствено што ветуваме е борба до максимум“ – изјави Никола Глигоров.



Датум: 26.08.2017, 11:24
Статијата е прочитана 991 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense