| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2018


Вардар не „виде“ пари за Балотели!

 

* И додека Балотели прави трансфери и кога не игра ниту минута, Вардар и натаму чека да види пари од неговиот трансфер во Катар. Ал Гарафа, пак, вели дека играчот дошол повреден, и дека нема намера да плати. Тој од пред некој ден веќе не е член на Катарците, и се пресели во Јужна Кореја


Чудни работи се случуваат во светскиот фудбал. Во последно време трансферите достигнаа вртоглави суми и преку 100 милиони евра. И додека секаде фудбалот е бизнис, ние сме многу далеку од овие цифри. Далеку сме и од еден милион, а трансфери од 100 милиони веројатно никогаш нема ни да дочекаме.
И додека се прават трансфери од кои боли главата, Вардар не може да земе пари за трансферот на Балотели. Преминот е регуларен, испратен е сертификат до Катар, меѓутоа Ал Гарафа никогаш не го исплати нашиот шампион за услугите на голгетерот со славно презиме. Катарците најдоа „дупка“ и го искористија сето тоа, а ФИФА ќе треба да реагира по ова прашање. И додека Вардар ги чека парите, Катарците направија уште една чудна одлука. Го продадоа својот голгетер во Јужна Кореја, и тоа замислете - без да одигра ниту една минута за Ал Гарафа. Наводно Балотели бил повреден, затоа не играл, а сега ќе настапува за Бусан ИПарк. Сумата која ќе ја заработи Ал Гарафа не е позната, но прашање е дали трансферот ќе биде овозможен, со оглед дека Вардар може да реши да го оспори и да си ги бара парите кои ги нема видено до сега.

Вардар уште чека 600.000 евра...

Сумата која што Вардар треба да ја добие за трансферот на Бало, е околу 600.000 евра. Толку се договорените пари од двете страни. Но, „црвено-црните“ немаат видено ниту евро од тие договорени пари, а останаа и без својот голгетер. Токму загувата на Балотели ги чинеше многу шампионите кои што мака мачеа со реализацијата во есенскиот дел, и можеби една од главните причини што сега заостануваат толку многу на табелата во Првата лига. Со тие пари Вардарци можеа да купат еден добар играч, и со него тимот да биде поинаку.


 



Датум: 31.01.2018, 18:43
Статијата е прочитана 3505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense