| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.08.2017

Ренова фаворит во пресметката со Силекс

Во дуел на досега непоразени екипи, Ренова и Силекс ќе се обидат да дојдат до нов успех што би бил значаен почетен чекор во борбата за излез во Европските купови, што е цел на двата клуба

Дуелот од второто коло меѓу Ренова и Силекс ќе биде пресметка на две екипи што имаат сосема солиден старт на сезоната. Во првото коло Ренова ремизира на гости кај Работнички, додека Силекс триумфира со Скопје, а и двете екипи сигурно минаа и во 16-финалето од Купот. Сепак, јасно е дека по меѓусебниот дуел еден тим ќе ја прекине таквата успешна серија, а тетовци се убедени дека тоа нема да бидат тие. Велат, двата успеха во досегашниот тек од сезоната им даваат самодоверба дека можат и ќе триумфираат против Силекс.
„Во првите две средби, со Работнички и со Тиквеш одигравме сосема солидно и во ист ритам ќе продлжиме понатака. Нема подобро за една екипа од тоа да го почне првенството со добри резултати, тоа ни дава мотив да продолжиме понатаму кон исполнување на амбициите и обезбедување излез во Европа. Сепак, тие два дуела веќе завршија и ние се концентрираме на следниот предизвик, односно екипата на Силекс. Последниве два дена интензивно се подготвуваме детално за таа средба и на физички и на психички и на тактички план. Верувам дека ако на теренот пружиме максимум од тоа што можеме ќе ги освоиме трите бодови. Го репсектираме Силекс, но триумфот ќе биде за нас“ – најавува Башким Велија.

РЕНОВА – СИЛЕКС
„Еколог арена“ во Тетово. Капацитет 15.000. Почеток: Сабота, 17Ч.

 



Датум: 19.08.2017, 12:09
Статијата е прочитана 1196 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense