| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.06.2017

Шенсои: Резултатот не ги покажува вистинските сили

По поразот од 4:0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа, тренерот на Пелистер, Наџи Шенсои сметаше дека резултатот е превисок во однос на покажаната игра

„Прво, честитки на заслужената победа на Лех, по кој останува формалноста на реваншот во Македонија. На прв поглед поради 4:0 поразот изгледа дека Лех имаше лесен натпревар, но мислам дека Пелистер беше цврст протовник. Во првите 30 минути Лех немаше ниту една закана кон нашиот гол, а ние имавме една одлична комбинација после корнер, кога Тодоровски биеше, а нивниот голман феноменално одбрани. Да постигневме гол во таа ситуација, веќе натпреварот ќе имаше друг тек. Падна концентрација на моите фудбалери, примивме и втор гол, а честитки и за прекрасниот трет гол. Вториот дел го започнав со неколку офанзивни замени и сликата на теренот се промени во наша корист. Лех е многу посилен тим од нашиот, но сакам да верувам дека ова е максимумот на мојот состав“, изјави Шенсои.



Датум: 29.06.2017, 23:05
Статијата е прочитана 2548 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense