| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

03.11.2017

ЕКСКЛУЗИВНО: Дејвис го превзема Вардар

Асистентот на Раул Гонзалез, Давид Дејвис ќе го наследи тренерското место на својот сонародник во редовите на европскиот првак

Клупата на европскиот првак Вардар нема ни за момент да остане празна. „Македонски спорт“ дознава дека актуелниот асистент Давид Дејвис ќе го наследи тренерското место од својот сонародник и ментор Раул Гонзалез, кој од јуни заминува за Париз, како нов предводник на Пари Сен Жермен.
Дејвис во Вардар дојде токму на иницијатива на Гонзалез и неофицијално ја има комплетната поддршка од актуелниот стратег за превземање на неговата функција.
Токму Гонзалез беше и главниот поборник за Дејвис да седне на клупата на ЖРК Вардар ланската сезона, но тандемската работа во машкиот тим, како и фактот дека тие двајца се креатори за шампионскиот состав на Вардар го вратија назад.
Ако на ова се додаде дека Давид Дејвис од неодамна доби улога и на помошник тренер на селекторот Едуард Кокшаров (спортскиот директор на Вардар) во стручниот штаб на машката репрезентација на Русија, во која сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко има функција на главен менаџер на националниот тим, само ја потврдува довербата која првите луѓе на „црвено-црното“ семејство ја имаат во Давид Дејвис.

*Повеќе прочитајте во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“

*Превземањето на оваа информација без дозвола од „Македонски спорт“ ќе биде санкционирано според Законот



Датум: 03.11.2017, 11:11
Статијата е прочитана 6583 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense