| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.08.2017

Сега Ангелов е спасителот на Ујпешт (ВИДЕО)

Ујпешт не може да се замисли без наш фудбалер. Лани Енис Барди им беше прва виолина а вчера Виктор Ангелов даде гол за реми на оваа екипа дома против Диосѓер

Во својот прв настап во оваа сеозна за Ујпешт, Виктор Ангелов постигна гол и го спаси својот тим од пораз на домашен терен. На вчерашниот дуел против Диосѓер тимот на нашиот напаѓач одигра 1:1 а токму Ангелов во 81 минута стрелаше за израмнување. Членот на нашата историска млада репрезентација одигра 20 минути и доби шанса од клупата. Претходно беше надвор од тимот поради санирање на повреда.

Ујпешт има просечен старт во новата сезона со 4 нерешени средби од вкупно шест кои се одиграа до сега. По една победа и пораз за 7 бода и 7. место на табелата. Оваа екипа лани го имаше Барди кој беше нивна прва виолина и кого го продадоа во Леванте. Сега треба да му ја дадат шансата на Виктор Ангелов кој треба да „екплодира“ во оваа сезона. Од пред некој ден и Ремзифаик Селмани од Ренова замина во Ујпешт.



Датум: 20.08.2017, 11:47
Статијата е прочитана 1443 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense