| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.08.2017

Спектакл за Вардар и во Скопје и во Истанбул

• Се очекуваат полни стадиони на двата меча. Во Истанбул секогаш има „пеколна“ атмосфера

Вардар го чека тешка задача во плеј-офот од Лигата на Европа. Го доби турскиот тим Фенербахче кој што во своите редови има голем број на фудбалски „ѕвезди“ од типот на Робин Ван Перси, Маурицио Исла, Мартин Шкртел, Матју Валбуена, Мирослав Штох... Сите тие некогаш биле дел од големи фудбалски тимови.

Фенер има 19 титули во Турција, и заостанува само за една од Галатасарај кој што е најтрофеен клуб во оваа земја.

Но, она што е симптоматично за Фенер, е тоа што има „пекол“ на нивниот стадион „Шукру Сарачоглу“, односно како што сега се вика „Улкер Арена“. Секогаш полни трибини и фанатични навивачи. Ако Вардар се соочи со жестоко навивање во Копенхаген, ова е нешто друго.

Со оглед дека во Македонија живеат и многу Турци, ќе бидат полни трибините и во Скопје. За Вардар и за Фенербахче и ќе биде одлична атмосфера.

Првиот меч се игра во Скопје, меѓутоа може да има измена на термините поради тоа што и Шкендија треба да игра против Милан прво на домашен терен.



Датум: 04.08.2017, 13:36
Статијата е прочитана 1468 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense