| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.05.2017

Ѓуровски: Звезда не се одбива

„Бев изненаден од повикот, но веднаш го прифатив предизвикот. Ќе дадам се од себе да му помогнам на клубот“, вели новиот тренер српските „црвено-бели“.

Бошко Ѓуровски се врати на клупата на Црвена Звезда. Тој ќе биде в.д. тренер до крајот на сезоната и доаѓа на местото на Миодраг Божовиќ кој што после поразот од Вождовац си поднесе оставка од клупата. Ѓуровски денеска истакна дека е почестен од повикот кој што не се одбива. „Бев изненаден на тој прв повик, но не можев да одбијам. Звезда едноставно не се одбива. Должен сум кога можам да му помогнам на клубот. Не само јас, туку и сите кои што го оставија срцето на терен. Договор не потпишав. Останувам пет натпревари, а за понатаму ќе видиме. Голема благодарност до Црвена Звезда. Ова за мене е голем предизвик, но јас не се плашам од предизвици“, вели ново-стариот предводник на Црвена Звезда Бошко Ѓуровски.



Датум: 08.05.2017, 14:40
Статијата е прочитана 3021 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense