| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.11.2017

Пелагониско дерби, битка за 1/2 финале

Попладнево се играат три од четирите први 1/4 финални мечеви во Купот на Македонија. Мечот меѓу Пелистер и Победа, кој се игра на „Тумбе кафе“, е во центарот на вниманието. Ренова против Скопје и Академија Пандев против Тетекс се големи фаворити

Ако сака и натаму да го брани трофејот во Купот на Македонија, Пелистер ќе мора да ја мине пречката наречена Победа. Тоа е најинтересниот прв меч во 1/4- финалните дуели во нашето најмасовно фудбалско натпреварување. Првиот меч се игра на „Тумбе кафе“ во Битола, додека реваншот, на 29. овој месец, е закажан за во Прилеп. Во Тетово пак ќе има две пресметки. Ренова го дочекува Скопје а Тетекс пак Академија Пандев.

Вардар - Шкупи се игра на 29.11. и на 17.12.

И официјално ФФМ потврди дека мечевите од 1/8- финалето во Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи ќе се играат на 29 ноември и на 17 декември. Победникот од овој дуел ќе ги игра своите четвртфинални мечеви со Шкендија, но напролет.


КУП  НА МАКЕДОНИЈА
ДВОЈКИ ЗА 1/4-ФИНАЛЕ - ПРВИ МЕЧЕВИ
ДЕНЕСКА, 13 ЧАСОТ
ТЕТОВО: ТЕТЕКС - А. ПАНДЕВ
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)
ТЕТОВО: РЕНОВА - СКОПЈЕ
Судија: Јован Качевски (Струга)
БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА
Судија: Марјан Маркоски (Охрид).
*Реваншите се играат на 29.11.2017 (среда)



Датум: 08.11.2017, 10:31
Статијата е прочитана 452 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense