| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.06.2017

„Бомба“ од Русија: Несторовски потпишува за Зенит

Новиот тренер Манчини инсиситрал тимот да се засили со голгетерот кој што во завршената сезона беше „хит“ во Италија

Зенит е многу блиску да го ангажира македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Само детали го делат Македонецот од промоција во руската екипа. Голгетерот на италијанска Серија „А“ е првата цел на новиот тренер на руската екипа Роберто Манчини. Тој бил во потрага во голгетер, и изборот му паднал на Македонецот кој што сезонава имаше одлични настапи во дресот на Палермо.

Обесштетувањето кое што тимот од Сицилија треба да го добие од руската екипа изнесува седум милиони евра. За Несторовски има интерес и од Италија, Шпанија и Англија.

Во минатото во Зенит играа Величе Шумуликоски и Драган Чадиковски, со што Несторовски може да стане третиот Македонец кој што ќе биде дел од оваа екипа.



Датум: 07.06.2017, 12:22
Статијата е прочитана 15456 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense