| контакт | маркетинг

04.06.2017

Довицозо со шокантна домашна победа

Андреа Довициозо на Дукати го победи фаворизираниот Маверик Вињалес (Јамаха) за фантастична домашна победа во Муџело со која изби на второто место во генерален пласман зад Вињалес

Довициозо го победи лидерот во генерален пласман Вињалес за триумф на Италијанското ГП во Муџело, додека изненадувачкиот подиум го комплетираше уште еден Италијанец, Данило Петручи на сателитски мотоцикл на Дукати, оставајќи го ветеранот Валентино Роси на четвртото место.
Иако пред трката, Италијанецот имаше труење со храна, Довициозо падна зад колегата од Дукати, Хорхе Лоренцо, кој успеа да го помине Валентино Роси во вториот круг за водство. Лоренцо не успеа да ја одржи брзината и борбата за победата се водеше меѓу Вињалес, Роси, Довициозо и уште едно изненадување, Данило Петручи во Прамак Дукати.
Со второто место, Вињалес го зголеми водството во генерален пласман и сега има 105 поени, 26 повеќе од новиот второпласиран Довициозо (79), додека Роси е трет со 75. Маркез сега е трет со 68 поени, исто колку што има и Дани Педроза.



Датум: 04.06.2017, 15:46
Статијата е прочитана 861 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense