| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.08.2017

По налог на Самсоненко, Попов одново во Вардар

„Не можев да го одбијам Сергеј, се вратив во Вардар и се надевам дека ќе му помогнам“ ни изјави искусниот лев бек


Горан Попов, искусниот лев  одново ќе биде член на Вардар. И тоа на барање на Сергеј Самсоненко, кој инсистирал Попов да се врати во таборот на Вардар. Па така по се изгледа дека Попов до пензија ќе биде меѓу „црвено – црните“.

„Едноставно не можев да го одбијам Сергеј, имам високо мислење за него и затоа се вратив во клубот од каде искрено не ни заминав. Со документите се е во ред затоа што јас имав само усмено договорено  раскин со Вардар. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот“ ни изјави Попов.

Инаку на вчерашниот меч со Фенер се виде колку е потребен Попов по таа лева страна, но со него во тимот се ќе биде поинаку. После натпреварот се симна во соблекувалната и го славеше триумфот на Вардарци.



Датум: 18.08.2017, 11:10
Статијата е прочитана 9906 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense