| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.10.2017

Кулески со „академски“ отказ

*Никола Кулески нема да биде дел од дуелите против Србија односно Гибралтар затоа што има обврски во родната Австралија.

Младата репрезентација денеска го имаше собирот по повод квалификациските мечеви против Србија односно Гибралтар следните денови. Стручниот штаб на чело со селекторот Благоја Милевски информираа дека на него нема да се појави Никола Кулески, играчот на австралиски Синдеј кој има во моментов закажани приемни испити за факултет кои не можат да бидат одложени. Кулески имаше голема улога во наѓиот премиерен триумф од квалификациите против Ерменија на гости во првото коло, но ете сега против Србија ќе мора да се снаоѓаме без него. На негово место нема да биде повикан друг играч.


 



Датум: 01.10.2017, 12:39
Статијата е прочитана 1600 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense