| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.01.2018

Антиќ би играл за Македонија, ама откако ќе си оди Пеце

Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, порача дека не би се вратил во националниот тим додека федерацијата ја води раководство кое си лечи комплекси

Перо Антиќ во интервју за српската телевизија „Спортклуб“, рече дека вратата за настап во македонската репрезентација не му е затворена, но враќањето го условува со промени во Македонската кошаркарска федерација.
„Да почекаме да видиме што ќе биде со раководството. Додека е ова раководство во федерацијата, не ни размислувам за враќање во репрезентацијата. Иако станува збор за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми и да си ги лечи своите комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација. Засега, моето враќање во националниот тим е статус кво“ - рече Антиќ.
Околу наградата за кошаркар на годината која не дојде никој да ја прими во негово име, Антиќ има свој коментар.
„Им благодарам, ете им ја оставив наградата, нека си ја чуваат“ - вели центарот на Црвена Звезда, кој за 2018 година си посакува здравје, освојување на АБА лигата и титула во Србија, два трофеи кои недостасуваат во неговата лична богата колекција.



Датум: 03.01.2018, 11:15
Статијата е прочитана 591 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense