| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.03.2017

Момците на Милевски на тренинг пред Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација за играчи под 21 година одржа тренинг на комплексот „Петар Милошевски“, пред пријателскиот натпревар со Црна Гора

Фудбалерот на Работнички Елиф Елмаз вели дека натпреварот против црногорците е вистински тест за новата генерација фудбалери до 21 година.
„За секој фудбалер е радост што има можност да биде дел од националната селекција, апсолутно не чувствуваме притисок, напротив. За нас е привилегија што сме избрани во составот на Македонија и даваме се од себе да ја оправдаме довербата. Го знаеме начинот на работа во селекцијата, сериозно ги сфаќаме задачите кои ги контролира стручниот тим и мислам дека тоа е правилен пристап. Ова е нова генерација, но имаме квалитет за нови големи резултати. Се надевам на добра игра против Црна Гора“, изјави Елмаз.
Напаѓачот Петар Петковски вели дека максимално мотивирано ќе влезат на пресметката со Црна Гора.
„Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот“, истакна фудбалерот на Вардар.



Датум: 22.03.2017, 17:10
Статијата е прочитана 1013 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense