| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.10.2017

Исени: Посебен натпревар за мене

*Бесир Исени сега е фудбалер на Вардар, но до пред неколку месеци беше главна ѕвезда кај чаирчани и за прв пат во својата кариера ќе игра против нив. Попладнево на мечот Вардар - Шкупи ќе биде во необична ситуација

Главна „фаца“ на денешниот меч на Арената меѓу Вардар и Шкупи, последен од 9. коло ќе биде Бесир Исени, еден од нашите најдобри млади фудбалери, детето на Шкупи, кој во летниот преоден рок се пресели од Чаир во Вардар. Барем според неговите зборови, ова ќе биде посебен натпревар за него.
„Ова е посебен натпревар за мене. Прв пат играм против клубот во кој пораснав, кој ми овозможи да стигнам дотука, каде што сум сега. Имам пријатели во Шкупи, но јас сум професионалец и на теренот нема другарство. По мечот, ќе останеме пријатели. Професионализмот ми наложува да дадам 100% од себе за да победиме, исто како што ќе дадат и фудбалерите на Шкупи за да дојдат до добар резултат против нас“, истакна Исени, играчот за врска на Вардар.



Датум: 01.10.2017, 13:58
Статијата е прочитана 544 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense