| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.07.2017

И нашите евро клубови на допинг тест

Со најновата одлука на УЕФА, од 15 јуни во секој клуб кој се натпреварува на евро сцената, може да дојде овластено лице кое ќе изрши допинг тест на неколку играчи и на тренинг, не само по и пред натпревар. Денеска биле во Работнички а во средата во Шкендија

Секој клуб кој се натпреварува во Европа ќе биде „скениран“ од страна на овластени лица и тоа со одлука на УЕФА, и на играчите на тој клуб ќе им се изврши допинг тест. Имено од 15 јуни па наваму, тоа важи и за нашите клубови кои играат на евро сцената, како и за сите останати. Па така денеска биле на тренингот на Работнички каде земале примерок од урината на  Херера и Дурански, двајцата биле избрани по пат на ждрепка, а во средата пак биле во Струмица во таборот на Шкендија и таму извршени се допинг тестови на двајца играчи на тетовци. Веројатно тоа ќе биде и со Вардар, ако веќе и не биле кај шампионот. Инаку ново  е тоа што тие лица кои се овластени од страна на УЕФА и ФФМ, станува збор за наши стручни лица, може да дојдат во било кое време од денот, и на тренинг а не само да вршат допинг тест пред или по европски натпревар.
Секако дека ова УЕФА го прави со цел натпреварите кои се играат под нејзина „капа“, а во кои учествуваат екипи од 54 земји, да бидат во рамките на спортскиот ферплеј.



Датум: 15.07.2017, 17:23
Статијата е прочитана 3226 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense