| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.04.2017

ФФМ го суспендира теренот во Новаци



По инцидентот на саботниот меч кога беше удрен директорот на Вардар (Н), надлежните во Федерацијата го суспендираа теренот во Новаци а клубот го предадоа на Дисциплинска

Се чини дека ФК Новаци сепак ќе ги сноси сите последици од случувањата во саботата на натпреварот со Вардар Неготино. Да потсетиме дека во финишот на мечот беше удрен претставникот на гостите од Неготино, и тоа од страна на челниците на ФК Новаци. Поради тоа теренот во Новаци е под суспензија а клубот се предава на Дисциплинска. Ова е одлука на надлежната комисија на ФФМ. Исто така се поведува постапка, односно и ФК Скопје се предава на Дисциплинска.

 



Датум: 04.04.2017, 17:49
Статијата е прочитана 4327 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense