| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

(ЖИВО) Работнички води против Шкендија, Вардар се мачи во Тетово

По првото полувреме Работнички води на дуелот со Шкендија (1-0). Вардар се мачи во Тетово (0-0), Брегланица има убедливи водство против Шкупи од 3-0.

РАБОТНИЧКИ - ШКЕНДИЈА 1:0 (1:0)

68’ - Голема шанса за Шкендија, Јуфо нафрлува од корнер, Чолак од само 3-4 метри шутира со глава но само покрај голот.

37’ - Херера од корнер нафрлува, Митрев на прва статива ја враќа топката позади, Ивановски од два метри сам не успева да го зголеми водството.

24’ ГОООЛ - Казната стигна на другата страна, од десно нафрлена топка пред голот на Шкендија, тука најдобро се снајде капитенот Трајчевски и успеа да ја протури во мрежата на Шкендија за 1:0.

21’ -  Ибраими од 35 метри шутира слободен удар, Шишковски ја одбива топката, Меџедовиќ натрчува а голманот на Работнички го фаулира и тоа е пенал. Ибраими го погодува десниот дирек од пенал.

19’ - Тотре одлично го проигра Жуниор, Бразилецот со ниска топка по земја го најде Ибраими, репрезентативецот слабо шутираше од пет-шест метри.

8’ - Одлична асистенција на Ибраими, Жуниор излегува сам пред голманот на Работнички, шутира, но Шишковски олично одбрани.

 


РЕНОВА - ВАРДАР 0:1 (0:0)

84’ - Шанса за Ренова преку Велија кој што се најде во добра позиција и сам пред голот на Вардар, упати удар, но Гачевски одлично одбрани

74’ ГОООЛ - Фелипе центрира од корнер на првиот дирек каде што Блажевски со глава успеа да погоди во горниот лев агол

66’ - Првата шанса на Вардар во второто полувреме. Џигаури од корнер центрира до Новак кој што упати прецизен обид со глава, Хаџо ја одби топката до Глигоров кој што шутираше, а топката од телото на еден од одбранбените играчи се одби во нов корнер


34’ - Бурим Садики се обиде од 25 метри по земја, но Гачевски беше добро поставен и лесно одбрани

11’ - Прв шут на натпреварот. Боарето од дваесетина метри се обиде, топката оди по средината и Хаџо успеа да одбрани

 

БРЕГАЛНИЦА - ШКУПИ 3:0 (3:0)

44’ ГОООЛ - Ристе Наумов со својот втор погодок го џголемува водството против Шкупи на 3-0.

26’ ГОООЛ - Горан Здравков од белата точка зголемува на 2-0.

19’ ГОООЛ - Брегалница поведува на дуелот со Шкупи. Ристе Наумов влезе косо од лево во шеснаестник со дриблинг се ослободи од противникот и ја погоди мрежата на гостите.

 

ПЕЛИСТЕР - СИЛЕКС 0:0 (0:0)

76’ - Бомба на Фернандо од преку 30 метри, милиметри покрај левиот дирек на Силекс. Да погодеше ова ќе беше гол на сезоната.

55’ - Силва со глава прекрасно го проигрува Боби Божиновски, овој во улога на шспиц ја прими топката излегува сам пред Митровиќ, шутира само покрај голот. Три минути подоцна, Силва прекрасно од десно влегува во шеснаестникот на СИлекс и наместо да проигра шутира од мртов агол.


МАКЕДОНИЈА ЃП - ПОБЕДА 0:0 (0:0)



Датум: 05.04.2017, 17:00
Статијата е прочитана 627 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense