| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2017

Пораз за Работнички кој не се брои...

Попладневно во Анталија „романтичарите“ буквално на неофицијален тренинг меч кој траеше 2х40 минути, загубија од Олимпик Доњецк со 1:2

Пораз за крај кој сепак нема да се брои за експедицијата на Работнички во Анталија. Нешто слично како и Шкендија вчера со Ристов, така и „романтичарите“ попладнево одиграа буквално пријателски или неофицијален тренинг меч кој траеше 2х40 минути и во кој украинскиот Олимпик Доњецк беше подобар со 2:1. За Работнички освен неколкумина стандардни играчи, играа младите  и оние фудбалери кои досега добиваа помала минутажа. Голот за нашиот тим го постигна Најденов во 80. Минута за 1:1, но во следната минута украинците постигнале победнички погодок. Утре експедицијата на Работнички се враќа дома. 



Датум: 04.02.2017, 15:07
Статијата е прочитана 2425 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense