| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

ВИКЕНД ТЕМА: Една година Пелистер - од „трета лига“ до Европа

„Зелената“ еуфорија се уште трае под Пелистер, во конзулска Битола. Само да се потсетиме како некои работи може да се сменат на убаво само кога навистина нешто се сака да се направи. Овој Пелистер, кој денеска е победник на Купот на Македонија, пред само нешто повеќе од една година беше прв кандидат за испаѓање во Трета лига

Фудбалот знае понекогаш да испише историја, да испише навистина убава приказна. Приказна која ретко може да се најде во некој друг спорт. Деновиве таква приказна испишува ФК Пелистер. Освојувачот на Купот на Македонија и тоа во јубилејното 25 издание. Совладана беше Шкендија на пенали откако во регуларниот дел но и во продолженија резултатот беше 0:0. Можеме само да претпоставиме што им се вртеше во главите на сите оние кои го сакаат Пеилистер во тие моменти кога во последната серија топката ја зема Баже Илијоски и се подготвуваше да го шутира решавачкиот пенал. Но откако тој ја затресе мрежата нема потреба од претпоставки, знаеме истите тие како се чуствуваа. Видовме сите како се радуваа играчите, стручниот штаб на челосо Наџи Шенсои, навивачите, цела Битола. Славје и еуфорија за мерак.
Струмица 17 мај 2017 година. Тој датум засекогаш ќе биде врежан во меморијата на сите „пелистерци“, на сите кои го сакаат клубот од Битола, на клубот со „зелена“ боја. 
Тие моменти на славје и еуфорија беа круна на таа приказна, која ја насловивме како „Една година Пеилистер - од Трета лига до Европа“.

НЕКОЈ РЕЧЕ - ДОСТА Е, САКАМЕ СИЛЕН ПЕЛИСТЕР
„Зелената“ еуфорија се уште трае под Пелистер, во конзулска Битола. Само да се потсетиме како некои работи може да се сменат на убаво само кога навистина нешто се сака да се направи. Овој Пелистер, кој денеска е победник на Купот на Македонија, пред само нешто повеќе од една година беше прв кандидат за испаѓање во Трета лига.
Пред само една година и нешто повеќе, кога Пелистер беше при дното на второлигашката табела и беше кандидат за испаѓање во Трета лига, некој рече - доста е. Сакаме силен Пелистер. И одтогаш почнаа таа магија, почна фудбалската ренесенса во омилениот клуб на битолчани. На Битола но и на ФК Пелистер им се смачи од лижење сладолед, од таворење во Втора лига и опасност клубот да игра по селата.
И почна МАГИЈАТА како што веќе рековме. Таа магија денеска се претвори во клуб кој што го освои Купот на Македонија.

Со силни спонзори се е полесно
Секако дека за сите овие успеси најзаслужни се и спонзорите односно сопствениците на клубот. Јордан Камчев, Цветан Панделески и Дејан Панделески со своите фирми „Орка Холдинг“, „ЗИГ Пелагонија“, „Жито Битола“, „Стопанска Банка Битола“, „Пелистерка“. Тука секако дека е и Општината Битола на чело со градоначалникот. Тие му овозможија на клубот добар буџет без кој секако дека не се можни вакви резултати. Да не заборавиме ниту на канцеларијата на ФК Пелистер, како Генералниот и Извршен директор Благоја Кочевски, потоа директорот Ѓорѓи Силјанов - Монголот, Генералниот секретар Бруно Пресилски, секретарот Тони Јовчевски и членот на Бордот на директори Гордана Цветковска Бошевска, која е задолжена за односи со Општината. Сите овие горенаведени, по завршувањето на финалето во Струмица беа радосни и горди што се дел од новиот освојувач на Купот на Македонија.

Повеќе прочитајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 



Датум: 20.05.2017, 12:46
Статијата е прочитана 4260 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense