| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.05.2017


Милевски: Ако можевме со Франција, можеме со сите

Селекторот Милевски образложи зошто се повикани токму овие играчи на ЕП и не криеше дека има проблеми со повредата на напаѓачот Ангелов

Благоја Милевски на пресот образложи зошто тие 17 играчи се повикани за ЕП и посочи дека има проблеми во нападот зошто Виктор Ангелов е повреден.
„Списокот е направен според она што се случуваше во квалификациите. И покрај тоа што некои играчи се соочуваа(т) со повреди и мала минутажа во клубовите, доволно направија за селекцијата за да се најдат во неа за ЕВРО во Полска. Моментално на списокот има 17 играчи, до бројката од 23 ќе стигнеме со пополнување од шест-седум репрезентативци од новата генерација. Проблем имаме со Ангелов кој подолго време е повреден и ќе видиме дали воопшто ќе настапи на ЕП. Ривалите имаа поголемо искуство низ настапите во Европа, но јас сметам на нашиот тимски дух и квалитет како што игравме низ квалификациите. Ако можевме против Франција, тогаш можеме и против ривалите во Групата на ЕП“ рече Милевски.



Датум: 30.05.2017, 12:31
Статијата е прочитана 2066 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense