| контакт | маркетинг
КОШАРКА

16.03.2017

МЗТ со победа по еден месец

По пауза од речиси еден месец (од 17 февруари наваму), екипата на МЗТ Скопје Аеродром се израдува на победа, и тоа против Фени Индустри, тимот со кој почна црната серија и лошиот период без триумф

Металците“ успешно тргнаа во одбрана на трофејот во македонското првенство и најавија дека немаат намера лесно да се откажат од тронот во мак-баскетот. Кавадарчани по елиминацијата од БИБЛ, слабо стартуваа и во Суперлигата, и можеби во лош момент ги фати криза.
Првите неколку минути од третата четвртина се покажаа како пресудни за конечниот резултат. МЗТ прикажа ангажирана и атрактивна игра на двете страни од теренот, Фени не се снајде во таквиот ритам, и разликата во 24. минута отиде на 20 разлика. Потоа и рацете на домашните се опуштија, тие почнаа да погодуваат тројки со висок процент на реализација, а кавадарчани се предадоа и не успеаја да приредат ново изненадување како тоа во Купот.

МЗТ Скопје - Фени Индустри 86:59 (21-15, 20-14, 20-11, 25-19)



Датум: 16.03.2017, 19:54
Статијата е прочитана 537 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense